Нема повредени при падот на ракета од Јемен кај Ерусалим

Сподели со своите пријатели

Израелската полиција соопшти дека дел од ракетата пресретната од Јемен паднала во близина на Ерусалим, но никој не е повреден.

Loading...

Фрагменти од ракетата паднале во близина на Мошав Бар Гиор, додека некои делови паднале во близина на бензинска пумпа во близина на населбата Мево Беитар, пишува Тајмс оф Израел.

Наводно, голем дел од ракетата паднала во поле во близина на Беитар Илит.

Полицијата ги повика граѓаните да не ги допираат фрагментите и дека на местото на настанот работат експерти за отстранување експлозивни направи.

Како што беше соопштено претходно денеска, израелската војска објави дека успешно пресретнала балистичка ракета лансирана кон Израел од Јемен, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали Израел користел бомба од 230 килограми во напад врз кафуле полно со луѓе во Газа?

Сирените за воздушен напад се огласија низ централниот дел на Израел и Ерусалим поради можноста да паднат фрагменти од погодената ракета.