Двајца повредени во сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Две лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајка што се случила на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.

Loading...

– На 12.03.2024 во 07.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, локален пат кон селото Клечовце и локален пат кон село Макреш, општина Старо Нагоричане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(53) од селото Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(42) од село Долно Соње, скопско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гласаат болните, немоќните и затворениците во Куманово

Како што додаваат оттаму, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.С., а со телесни повреди се здобил И.Б., констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Иванвоски