Дуализам – наметната политичка состојба

Сподели со своите пријатели

“Mi smo išli putem. Put je bio dug. Kasno opazismo da je taj put krug.” – Tin Ujević

Loading...

Во рамки на држава во која е воспоставена функција зависна од дуализмот како параметар, два партиски система кои за одредени временски интервали си ги менуваат своите позиции меѓусебно власт-опозиција се доведува државниот систем во состојба на постојано, рамномерно, разорувачко дејство во кое сме биле и сме сè уште присутни и сведочиме. Отсуството на нештото, а тоа нештото е нормата која ќе го промени текот на работите. Моменталната состојба налага да не биде употребен зборот општество за една нација која од почетокот на својата самостојност па до ден денешен е жртва на свое и надворешно угнетување (ако општеството се сведе на заедница на човекови единки во кои е воспоставен соодветен систем од норми кои го овозможуваат целосното и заедничко функционирање на заедницата, овој систем не може да биде дефиниран на истиот тој начин, туку ги зазема карактеристиките на племенска заедница во која владее една енормна анархична сила). Авторитарни и недемократки системи го забрзуваат процесот на ослабнувањето на вредносниот систем на кој треба да биде вистински насочен еден субјект од таканареченото општество. Сериозен е проблемот во кој моменталната постава на граѓансвото на територијата, и да не целиот, ама голем дел е уште насочен кон истиот тој двоен режим, во кој прашање е : зошто толкуте дипломирани, магистрирани и докторирани интелектуалци сè уште не ја согледуваат едноличноста, а воедно и кругот на движењето во кој тие самите си ја поставуваат бездната во која се тоне колективно? Двете посочени како големи политички сили, успеваат на тоа розово прикажано стакло да ја стават на коцка и последната одежда која што и има преостанато на државата. Од криење зад зборови за кои не се знае дали воопшто им е познато нивното значење, спроведување на окривување и користење на медиумите за бомбардирање со едни исти пароли на взаемни клеветења не ни успеваат да допрат до вредностите за кои е желно малодушното граѓанство. Политичкиот систем кој треба да биде една од подобрите особини на интелектуалноста на човекот (да расудува и унапредува норми за воспоставување на солиден систем) е сведен на една гнасна алатка за воспоставување на режим по кој ќе биде угнетувано и правото на човекот за добро и демократско живеење. Но, факт е дека демократијата не постои, а прашање е и дали се има јавувано демократијата барем еднаш во општествата? Ниту на оваа територија ниту пак на глобалната светска сцена.  Сите се убедени во тоа красно и инзвонредно напредување на цивилизацијата, но прашање е дали на нашите политичари толку им се имаат замаглено стаклата на гледање со розова боја или пак нивното интелектуално ниво не е до толку развиено за можна нормаплна перцепција и реализација на вистинската состојба на нештата во светски рамки и во рамките на толку издигнуваната Европска елита? Политиката има проширени дејства врз културата во која поединец уметник, ликовен, музички или пак книжевник не може да ја истакне пораката на своите дела и важноста на културната преобразба заради спротивставените страни со што институциите од центри за култура до општински системи не ја согледуваат вредноста туку гледаат низ насоките на партиските и буџетските системи, со што уметникот и воопшто културниот работник останува изреволтиран од угниеноста на системот во којшто западнал (да не зборуваме за поставеноста на центарот на издигнувањата во главниот град без водење грижа за испарувањето и целосното исчезнување на мотивацијата присутна во малите градови, поставувајќи ги на сцената да преовладуваат самите граѓански ѕверки, но тоа и да не е цел на денешна разработка). Се додека не се согледа дека два спротивставени партиски истеми кои не се истакнуваат доволно со морално и интелектуално изразување и дејствување, се затупавува целосното општество, истото да наликува како и самиот нивен партиски систем кои го држат со сите канџи дали заради наметнатите правила од некој друг или пак заради единствената можност за постигнување на огромните капитални вредности. Ad absurdum не сакајќи народот да биде ажурен во создавање на промена и терањето на истиот концепт не успеваме ни да се придвижиме ниту за милиметар од траекторијата која уназадува. Доколку сите доволно свесни го запоставиме тоа и дадеме дел од себе за добро функционирање, без никаква странското надгледување и инвестиција, со користење на сопствените ресурси може да се преобличи системот во една повисока сила на добросостојба. Но, кога погледнеш дека претседателски кандидати ја избегнуваат взаемната дебата и само се повлекуваат до нискоморалните понижувања, клеветења, координирани од туѓи сценарија, не е ни на видик реформата која што му е потребна на системот. Бирократијата ја угнетува и угнијува добрата функционалност на човековата заедница, а пак ако истата е проследена со авторитарен и недемократски чин се сведуваме на моменталната состојба. Уништување на Палестина, разорување на балканската поврзаност, чистење на идентитетот на помалите системи, не ја ни за миг покажува толку розова и блескава сликата за Европската елита како што ни е претставена на медиумите кои што имаат за цел само да го уназад сопственото размислување на човекот (единка способна за размислување) воведување на контрола и покажување на дискриминацијата (големи и мали сили)  на системот во кој што престојуваме. Прашањето е само : дали се виновни медиумите кои носат лаги и давање на само една оска на гледање и два системи на взаемно предавање на власт, дали ќе е тоа партискиот систем кој сам со својата ниска интелектуална способност (воглавно според рекламирањата, сведување на морони) воспоставува некој свој розов режим, кој го наметнува своето водство со средства и затупавени следбеници, или пак виновен ќе е народот кој во некој опиум не е ни свесен што прави на каде тера?

Ќе покаже времето ако успееме да го дочекаме времето без да настрадаме од гранатата пуштена од своја рака врз своја територија. Со што имаме и ништење и на таа единствена племенска организација, само таа што ни останала. До тогаш ни останува напумпаната медиумска инквизиција на угнетената човекова психа.

Крајот на војната го виделе само мртвите. Реченица за која треба да се замислат елитите кои го ништат светот и угнетените прекубројни Палестини по територијата на Земјината површина.

Acta, non verba.

Пишува: Андреј Анѓеловиќ

 

Изнесените ставови во колумните се ставови на авторот и може, но и не мора да се совпаѓаат со ставовите на редакцијата.

Loading...