Државјанин на Србија остана без своето „Ауди“на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 19.00 часот на Полициска станица за Граничен премин „Табановце“, при контрола на патничко возило „Ауди“со српски регистарски ознаки, управувано од С.М. (52) од Република Србија, било констатирано дека е фалсификуван серискиот број на возилото.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, лицето е приведено и со потврда за привремено одземени предмети, возилото е одземено.

Во 19.50 часот, со потврда за предавање на лице, лицето и возилото се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.