Државјанин на Белгија приведен на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Вчера во 12,15 часот на Граничниот премин Табановце на влез во Република Македонија Т.Д.Г. (57) од Белгија со патничко возило „Форд“, со белгиски национални ознаки при пасошка контрола приложил македонска возачка дозвола на негово име.

По извршената проверка било утврдено дека документот бил фалсификуван. Лицето било приведено во Полициската станица за Граничен премин Табановце, а во 13,10 часот било предадено на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово за понатамошна постапка.

Leave a Reply