„Дрвото на животот“ расте таму каде што животот не е возможен: Прекрасна глетка среде солен остров (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мртвото Море, солено езеро лоцирано помеѓу Јордан и Израел, е познато по многуте необични карактеристики. Тоа е езеро чија соленост е дури 33 проценти, тоа е најголемата депресија во светот, тешко дека може да потонете во неговата вода, а има и исклучителни лековити ефекти. Исто така, она што му дава посебен шарм на ова природно богатство се таканаречените солени острови.

Loading...

Сепак, неодамна туристите забележаа многу необична, но и волшебна глетка недалеку од плажата Ајн Бокек. Имено, на еден од овие острови направен од бела сол, се издигнало дрво.

 

 

Ова е вистинска необичност, бидејќи самото Мртво Море е познато по фактот дека животот во него е многу редок, а преживуваат само некои видови микроорганизми.

Без разлика дали станува збор за случајност, игра на природа или дело на Бога, многумина се прашуваа. Меѓутоа, на крајот се покажа дека таканареченото „дрво на животот“ е уметнички проект на локален автор, кој го поставил дрвото на островот и се грижел за него од самиот почеток, за да добие неопходните услови за живот и расте секој ден.

Во меѓувреме, дрвото стана вистинска туристичка атракција, па секој што оди преку Мртвото Море, не ја пропушта можноста да се фотографира покрај него.

Loading...

 

https://youtu.be/ff_gQ54asL4

Leave a Reply