Дрва за огрев и сува трева гореа на неколку локации вчера во Куманово

Сподели со своите пријатели

Три интервенции бележат кумановските пожарникари во текот на вчерашниот ден,  информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Првата интервенција била на запалена сува трева во атарот на општината Старо Нагоричане, местноста викана Грамаде. Таму околу 20 часот на терен излегле тројца пожарникари кои за еден час го ликвидирале огнот.

Во населбата Карпош, на улицата „100“ се запалиле дрва за огрев, при што околу 23:50 часот интервенирале четворица пожарникари 15 минути по полноќ веќе бил изгаснат огнот.

Последната интервенција исто така била на запалена сува трева во атарот на Агино село, каде се интервенирало од 11:40 до 12:35 часот, стои во извештајот на РЦУК.

Leave a Reply