ДРАМА НА ТАБАНОВЦЕ: Хемикалии течеле од цистерна, едно лице повредено

Сподели со своите пријатели

Вистинска драма се одвивала вчера и завчера на железничкиот премин на Граничниот премин Табановце, откако од вагон цистерна истекувал Натриум хипохлорит.

Вработен во Желесничка станица Куманово завчера го пријавил случајот во Регионалниот центар за управување со кризи, Министерството за животна средина и Територијалната противпожарна единица, од каде во 15:40 часот излегле на терен со едно возило и тројца пожарникари.

– На наше телефонско јавување во 18:59 часот, вработен во Железничка Станица Куманово не извести дека поради падот на температурата од цистрената повеќе не истекува течност и
истата нејверојатно ќе се транспортира за Грција, информираат од РЦУК.

Вчера во 15:55 часот вработен во Министерството за животна средина и просторно планирање вршјќи увид на самата цистерна добил струен удар и истиот со возило на Итната медицинска помош бил транспортиран во кумановската болница, од каде е упатен на лекување во Скопје, стои во билтенот на РЦУК.

Leave a Reply