„Драгонфлај“ – самоуправувачки дрон што НАСА го испраќа на сателитот на Сатурн (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Новото вселенско летало на НАСА звучи скоро неверојатно, бидејќи се движи самостојно, и треба да се издигне над површината на сателитотна Сатурн, Титан за неколку години.

Loading...

Станува збор за вселенско летало „Драгонфлај“, кој има четири двојни пропелери, и е со средна големина, целосно автономен и го напојува нуклеарната енергија.

Креаторите, сепак, истакнуваат дека леталото не содржи многу нова технологија, бидејќи летала со четири погони веќе можат да се купат во онлајн продавницата на Амазон.

Кога станува збор за нуклеарната енергија за напојување за обичните луѓе, за среќа, не е лесно да дојдат до неа, а новото летало би можели да се движи со истиот систем што го користи роверот Кјуриосити на Марс. Значи, сето она што е содржано во „Драгонфлај“, е веќе користено претходно, што не значи дека идејата за нуклеарен дрон што кружи на сателитот на Сатурн не звучи неверојатно.

На авионот му беше дадено зелено светло во почетокот на летото за понатамошно тестирање, уште еден чекор кон реализација на револуционерна мисија која беше целосно незамислива пред само неколку години.

Беспилотното летало сè уште се тестира на Земјата, со цел да се дизајнираат што е можно попрецизно системи и софтвер што ќе летаат над Титан, кој има дини, планини, па дури и реки и езера, кои се исполнети со течен метан, а не со вода заради ниските температури.

Лансирањето е закажано за 2026 година, а сите подготовки се очекува да завршат до тогаш.

Leave a Reply