Дознајте зошто чајот од босилок се смета за најдобар лек од народната медицина

Сподели со своите пријатели

Еден од најмоќните и најсилните чаеви на народната медицина е чајот од босилок. Ова растение не е само лековито, туку и многу силно средство за заштита, штити од комарци, ги одбива инсектите, но помага и во лекувањето од каснувањата од истите.

Loading...

Според билкарот Момчило Антонијевиќ, босилокот е многу корисно растение и секој треба да го има во домаќинството, особено затоа што е лесен за одгледување, можете да го посеете во тенџере и да го чувате на тераса или во кујна преку целата година.

 

 

Наречен „растение на аристократијата“, помага при хроничен синузитис, а во комбинација со маточина, тој е многу моќен при стомачни проблеми, проблеми со нервен стомак, главоболки и мачнини.

Она што е многу важно при подготовка на чај од босилек е дека растението не се вари во вода, туку дека се истура врз него зовриена вода, за да не се изгубат неговите скапоцени, лековити својства.

Семето на босилок е исто толку здраво како и чиа семето, кога се готви добива подеднакво структура слична на гел, така што може да се користи во подготовка на смути и здрави протеински пијалоци за конзистентност.

Loading...

 

 

Покрај сето погоре, тој е одличен зачин и одлично оди со тестенини, месо, јадења од домати, па затоа е пожелно да се користи како зачин.

Во последно време, виолетовиот босилок стана популарен и е многу декоративен, и ако го одгледувате, не ставајте го покрај зелениот, бидејќи многу брзо ќе ја изгуби својата боја, а исто така ќе стане и зелен.