Доживеал клиничка смрт, објаснува што се случува на онаа страна од светот

Сподели со своите пријатели

Еден корисник на „Редит“ го сподели своето искуство и раскажа што се случило со него кога доживеал клиничка смрт.

Loading...

Поточно, тој се разболел додека престојувал во странство затоа што одржувал кетогена диета (без јаглени хидрати), што довело до уништување на мукозната мембрана на желудникот.

Има ли живот по смртта? Овие луѓе биле клинички мртви и еве што доживеале

Како резултат на тоа, тој страдал од гадење и повраќање сè додека не го довел телото до сериозна дехидрација.

Откако бил одведен во брза помош во родната Канада, тој бил задржан во болницата неколку дена.

Сепак, неговото тело „отфрлало инфузии и хидратација; вените биле транспарентни и тој дури и не бил свесен дека неговото тело не прима ништо од тоа“.

НАУЧНО ДОКАЖАНО: Како изгледа последната минута пред смртта?

Болеста напредувала со текот на времето и во еден момент додека лежел во болницата, „сè станало црно“.

Loading...

Тој бил во клиничка смрт три минути.

Кинезинка се разбуди по 72 часа клиничка смрт

– Не видов бела светлина или ангели, не слушнав гласови. Можев да гледам, но немав тело. Се чувствував како да сум на друга планета. Кога погледнав надолу, видов песок и многу плитка вода. Се чинеше како бесконечен брег. Водата беше со длабочина од еден сантиметар или два, а најдобриот начин да се опише е кога шетате по плитките води на крајот на брегот и тој плиток крај е всушност бесконечен, како да водата не стануваше подлабока. Кога погледнав небото беше виолетови, немаше сонце. Единствено што го осветлува небото беа тие сини зраци на светлината со жолта боја од страната. Тоа чувство ми беше толку чудно. Се чувствував како секој проблем што го имав и видов, секој проблем без разлика колку е голем или мал, дека исчезна. Секоја грижа ја немаше. Се чинеше дека тежината на светот се крена целосно од моите рамена. Едноставно постоев. Се чувствував како сè да е добро и не морав да се грижам за ништо. Мир и спокојство. Беше неверојатно, пишува тој.

СО НЕДЕЛИ БИЛА ВО КОМА: Бев заклучена во своето тело, слушав се, но бев како мртва (ФОТО)

Сето ова се случувало додека лекарите се бореле да му го спасат животот.

– Почувствував пад. Сè стана црно и само се чувствував себеси како паѓам побрзо и побрзо. Тогаш почувствував силна пукнатина, како целото тело да вибрира. Потоа, повторно почнав да чувствувам сè. Сите грижи и целата тага. Се чувствував навистина тажно затоа што повторно чувствував болка, додава тој.

Откако го сподели своето искуство на Reddit, корисникот откри дека тој не е единствениот што го доживеал ова.

Чудни човечки приказни по преживеана клиничка смрт (видео)

Loading...

– Прочитав многу слични искуства и многумина ги опишаа слично како и вие. Претежно сите ги гледаат крајбрежјето и водата – напишал друг корисник.

Leave a Reply