Кинезинка се разбуди по 72 часа клиничка смрт

Сподели со своите пријатели

Една 26-годишна Кинезинка во источната провинција Фуџијан се опоравува по 72 часа клиничка смрт.

Loading...

Таа на први јануари итно била доведена во болница, срцето и работело забрзано, а потоа застанало. Откако изгубила свест, лекарите констатирале миокардитис – воспалениот на срцевиот мускул и таа била приклучена на апарати.

– Машината која ја користиме може да извршува функции на срцето и белите дробови. На тој начин одржува доток на крв во срцето по срцев застој, објаснува Јанг Ченгбин од болницата при Универзитетот Сијамен.

Срцето на пациентката не започнало да чука ниту по два часа. Меѓутоа, лекарите не сакале да ја прогласат за мртва, иако во термините на клиничка медицина, повеќе не била жива. Наместо тоа ја испратиле на Одделението за интензивна нега каде го одржувале нејзиното срце, белите дробови и бубрези, пренесува Танјуг.

– Таа е млада, никогаш претходно не била болна. Така да си реков дека ќе направам се што е во моја моќ да преживее, рекол Занг Минвеи од Одделението за интензивна нега.

Следното утро нејзиното срце повторно започнало да пумпа крв, а во следите 72 часа и се вратила и свеста.

– Кога ги отвори очите ја прашав дали е жедна и даме фати за рака доколку е. Кога го направи тоа, знаев дека ни се врати, раскажува др. Занг.

Leave a Reply