Доларот падна трет ден по ред, цените на нафтата во пораст

Сподели со своите пријатели

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути паѓа трет ден по ред.

Loading...

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест главни светски валути, се движи околу 96,00 поени, додека вчера во ова време беше 96,15 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 113,50 на 113,65 јени.

Но, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1330 долари, додека вчера во овој момент беше 1,1290 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 0,67 отсто на 76,33 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,87 отсто на 72,99 долари.