Доларот донекаде зајакна, нафтата утрово порасна

Сподели со своите пријатели

На девизните пазари се зголеми вредноста на доларот во однос на кошничката валути, по минатонеделниот пад.

Loading...

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,14 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 104,04 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 139,95 на 140,15 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0700 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0705 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа по минатонеделниот пад. Во неделата лидерите на групата ОПЕК + одлучија да ги задржат постојните производствени квоти, но Саудиска Арабија најави доброволно намалување на производството за еден милион барели дневно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!

Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се зголеми за 1,30 отсто, на 77,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 1,46 отсто, на 72,75 долари.