Додик: Ако можат Албанците, ќе можат и Србите

Сподели со своите пријатели

Усвојувањето на нови принципи на Балканот, за кое се залагаше Албин Курти во обид да се создаде „Голема Албанија“, ќе се однесува на другите нации на Балканот, особено Србите, рече членот на претседателството на БиХ, Милорад Додик, пренесува Б92.

Loading...

– Двојните стандарди не можат да се спроведат на Балканот – тоа што е дозволено на една нација не е на друга, како што смета Албин Курти. Српскиот народ нема разбирање за ова и никогаш нема да го има, затоа што ако нешто им е дозволено на другите, како што провокаторот Курти се залага за Албанците, тогаш зошто не треба да им се дозволува на Србите да го сторат истото – рече Додик за Срна, коментирајќи ја изјавата на лидерот на „Самоопределување“ Албин Курти дека Косово и Албанија треба да се приближат една со друга, да се интегрираат во федерацијата, како Германија.

Додик истакна дека Република Српска е посветена на мирот и стабилноста, кон почитувањето на сите меѓународни обврски, пред сè Дејтонскиот договор и го поддржува решавањето на сите кризни проблеми во регионот мирно, со договор и компромис.

„Но, создавање таканаречена Голема Албанија, како што беше најавено деновиве од можен кандидат за премиер на Косово, Албин Курти, ќе значи воведување и усвојување на некои нови принципи на Балканот“, рече Додик.

Вчера, Курти ја повтори својата заложба за национално обединување на Албанците во рамките на федерацијата, а не во рамките на Европската унија.

Leave a Reply