Додека се чека нов објект, хирушката амбуланта е преселена во Ургентен центар (фото)

Сподели со своите пријатели

Старата и одамна руинирана хирушка амбуланта во Општа Болница Куманово, од денес се пресели во Ургентиот центар, откако не се оствари ветувањето дадено пред повеќе од три години за изградба на нова хирушка амбуланта.

Loading...

Како алтернатива поради дотраеноста на просторот во кој ординираа кумановските здравствени работници, додека кумановчани чекаат на нов Ургентен центар согласно изјавата дадена на 22 март 2015 од страна на министерот за здравство Никола Тодоров, сите прегледи ќе бидат извршувани во постоечкиот Ургентен центар.

 

[huge_it_gallery id=”235″]

 

Сместена во подрумскиот дел на болницата, под Одделението за акушерство, хирушката амбуланта досега работеше во вонстандардни услови, без радијатори во чекалната и со апаратура постара повеќе од 40 години.

Во најава за изградба на нов Ургентен центар во Куманово вреден 20 милиони денари за набавка на оппрема и завршување на работите кон крајот на 2016, според директорот Ариф Љатифи, со дислоцирањето на амбулантата ќе се обезбедат поквалитетни услуги за граѓаните.

Итната хируршка амбуланта со денешното дислоцирање ќе работи во услови на 24 часовно обезбедување, со рентген апарат, ехо амбуланта наменета за итни случаи, со хируршки сали и одделението за реанимација.

Loading...