Добила дури 35 казни за брзо возење, судот ѝ простил се!

Сподели со своите пријатели

Брзото возење не се гледа добронамерно во ниту една земја во светот. Во Франција ризикувате да ви одземат поени и да платите голема казна доколку сте од оние кои уживаат да стискаат на гасот.

Loading...

22-годишна Французинка која добила дури 35 казни за брзо возење, отишла на суд и победила, докажувајќи недостатоци во системот, пишува ХАКревија.

Возачите кои возат пребрзо се казнуваат со проверка на просечната брзина на француските делови од автопатиштата.

 

 

Имено, системот автоматски испраќа казни откако инфрацрвените камери и детекторите за брзина ќе пресметаат колку брзо возат автомобилите помеѓу две точки на патот.

Споменатиот систем е воведен на француските патишта во 2012 година.

Loading...

Излегува дека не сите се свесни за тоа како функционира системот, а тоа најдобро го покажа примерот на 22-годишен возач која користела дел од патот RN57 во близина на Безансон за да оди на работа секој ден од октомври 2020 година до март 2021.

Сторила дури 35 прекршоци за брзо возење, за што на државата би требало да и плати дури 2.600 евра.

Првите казни ѝ дошле само неколку месеци по првиот прекршок, што се покажало како проблематично.

 

 

Откако дознала за прекршувањата, таа започнала правна битка. Таа пред судот објасни дека не знаела како функционира контролата на брзината на делницата, а кога го добила првиот официјален извештај веднаш престанала да вози пребрзо.

Судот се покажал како крајно благ. Возачот не само што не морала да плати казна од 2.600 евра и не добила сообраќајни поени.

Loading...

Иако законот не предвидува посебен рок за доставување на казните, судот го прифатил и нејзиниот приговор дека казните не се испратени во разумен рок.