До крајот на неделава облачно и свежо со повремен дожд

Сподели со своите пријатели

Променливо облачно и свежо време со локални врнежи од дожд, ќе преовладува во Македонија до крајот на неделава, соопшти УХМР.

Од среда кон четврток врнежите ќе се почести на југот и најинтензивни на југоистокот од земјата.

Од чеврток температурите ќе се пониски за неколку степени. Минималните ќе се движат во интервал од еден до 11, а максималните од 15 до 22 степени.

За време на викендот се очекува претежно стабилно и малку потопло време.

Извор: МИА