До крајот на годината да заврши пругата Куманово – Бељаковце, очекува министерот Сугарески

Сподели со своите пријатели

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарескиочекува до крајот на годината да заврши делот од железничката пруга кон Бугарија, односно делот од Куманово до Бељаковце.

Loading...

Како што истакна на денешната прес конференција тоа е многу важен проект на кој ќе се посвети големо внимание оваа година, со цел до крајот на 2020 да заврши делот Куманово – Бељаковце, а ќе започне и втората фаза.

– Во овој момент тече тендерската постапка за изградба на втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка. Има голем интерес за овој проект. 15 компании се влезени во тендерската постапка и заедно со ЕБОР се работи на евалуација на понудите. До крај на годината очекуваме да се избере изведувач и да отпочнеме со работа на терен, рече Сугарески.

Како што потенцираше одобрени се и 2,7 милиони евра за изградба на заедничка железничка станица на Табановце со Република Србија, средства преку Фондот за финансирање на проекти за Западен Балкан.

Се подготвуваат трисетина нови проекти, вели Сугарески, во вредност од десетина милиони евра.

Ќе се работи во Велес, Крушево, Карбинци, Јегуновце, Охрид, Кочне, Куманово, Свети Николе, Чашка, Демир Хисар, Сарај, Старо Нагоричене и низ други општини. Тука сакам да спомнам дека за десетина започнуваме со изградба канализацијата во Визбегово и ќе потенцирам тоа беше едно од најгласните барања на стопанствениците што работат во индустриската зона, рече тој.

Leave a Reply