До четврток пролетни температури

Сподели со своите пријатели

Изутринава времето во земјава е ведро и претежно тивко.

Loading...

Времето во текот на денот ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22 степена, информираат од Управата за хидрометеорлошки работи.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и тивко време со максимална дневна температура до 14 степени целзиусови.

До четврток ќе се задржи претежно сончево и топло време. Од петок ќе има зголемување на облачноста, која ќе биде проследена со локални врнежи oд дожд, на повисоките места ќе има локални врнежи од дожд и снег, а на планините ќе има локален снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе прдзвика и значително опаѓање на дневната температура за време на викендот и во текот на наредната недела.

Leave a Reply