Дива свиња утринава се шеташе низ центарот на Куманово

Сподели со своите пријатели

Дива свиња денеска е еутанизирана во Куманово, откако рано утринава се шетала низ централното градско подрачје.

Loading...

Екипи на Министерството за внатрешни работи веднаш излегле на терен, откако биле алармирани од граѓаните. Заедно со нив на терен излегле и ветеринари.

Како што информираат надлежните, официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство издал решение за нештетно отстранување на труп од дивата свиња, која утрово е еутаназирана во сточарскиот ветеринарен центар „Тодор Велков” во Куманово.

– Станува збор за единка, за чие присуство во градот Куманово, во раните утрински часови било алармирано од страна на граѓани, а во чие заловување биле вклучени официјални ветеринари, припадници на Министерството за внатрешни работи и од ветеринарната станица „Тодор Велков”, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

При еутаназирањето на дивата свиња од страна на официјален ветеринар на Агенцијата,  како што посочуваат надлежните, исполнети се барањата од законите за здравствена заштита и благосостојбата на животните.

Земени се мостри за лабораториско испитување и детектирање на евентуално присуство на вирусот на класична и африканска свинска чума.

Засега не е познато од каде и како дивото животно дошло во центарот на Куманово.

Leave a Reply