Discovering Macedonia – нов веб портал за промоција на македонскиот туризам

Сподели со своите пријатели

Неодамна, на македонскиот интернет простор е додадена уште една нова можност, странските туристи да се запознаат со Македонија и сите познати туристички дестинации со отворање на нов веб-портал http://www.discoveringmacedonia.com/.

Loading...

DiscoveringMacedonia-locator

Мисијата на DiscoveringMacedonia.com е промоција и поттикнување на странските туристи за истражување на Македонија и запознавање со нејзините природни убавини и култура, преку уникатен пристап, кој во центарот го поставува туристот, и сите содржини, информации и репотражи, ги прилагодува на неговите барања и потреби.

DiscoveringMacedonia-accomodation

На информативниот портал, странските туристи може да се запознаат со знаменитости од областа на туризмот, природните убавини на Македонија, за урбаниот и планински туризам, историски познати локалитети но и да букираат сместување, како и да се информираат за авионските летови кон Македонија.