Директор на комуналното претпријатие од Старо Нагоричане заработи кривична пријава

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Б.С. (52) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во периодот од 23.03.2011 до јануари годинава пријавениот, како директор на јавно комунално претпријатие „Козјак“ во Старо Нагоричане, овозможил 414 жители на општината да ја користат водата за пиење и наводнување, без редовно да ги плаќаат сметките.

Притоа, пријавениот за ненаплатените сметки не поведувал соодветни судски постапки. Со ова, пријавениот му нанел штета на ЈКП „Козјак” од 7.997.693 денари.

Leave a Reply