Димитриевски: Започнавме со обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информираше дека општината почнува со обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица – корисници на гарантирана минимална помош ГМП за 2023 година, како и со субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2023 година.

Loading...

Димитриевски посочува дека барањата со потребна документација потребно е да се достават до архива на Општина Куманово помеѓу 10.01.2023 и 10.02.2023 година.

Сите информации поврзани со двете мерки за помош, за тоа кои групи на граѓани се опфатени, кои документи се потребни за апликација, појаснување за начинот на апликација, како и формулари (барања) за пополнување се достапни на www.kumanovo.gov.mk

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Имаме нефункционални институции и затоа граѓаните решија ова да го сменат

Дополнителни информации може да се добијат на телефон 075/323-569 од 08:00 до 16:00 часот, секој работен ден.