Димитриевски во Јегуновце: Заедно со граѓаните сакаме да ги направиме промените во Македонија

Сподели со своите пријатели

Караванот на Максим Димитриевски, каднидатот за Претседател на Македонија од Движење ЗНАМ – За наша Македонија, денеска беше во посета на полошкиот регион.

Loading...

Најнапред се задржа во Јегуновце. Тој пред насобраните граѓани рече дека Претседателот за да биде реален
заштитник на граѓаните и нивните интереси мора да излезе од граѓаните. Во спротивно е послушник на оној политички субјект кој го кандидира.

Димитриевски зборувајќи за состојбите во државата потенцира:

„За мене уставните предлози за уставните измени во делот на менување на процентите за употреба на јазиците и дополнително уставни измени за трансформација на Македонија во држава којашто ќе биде на граѓаните, а не на македонскиот народ и останатите етнички заедници е неприфатлива. Затоа што со тој предлог некој свесно сака да не втурне во процес кој се нарекува, на долгорочен план, редефинирање на суштината на државата и редефинирање на државнотто уредување. Македонија единстено е Република и таква мора да остане. Уште од Крушево, преку АСНОМ, тоа со печат и потпис на нашите револуционери е потврдено“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски од Битола ги повика граѓаните да се придружат во борбата за менување на владеачката структура

 

 

Димитриевски рече дека според него со сите уставни измени кое се направени досега Рамковниот договор во целост е исполнет. Но, за жал, додаде тој, во општеството се создава една голема фрустрација, особено кај македонскиот народ и македонските граѓани и истите сметаат дека се случува невидена албанизација на Македонија и продолжи:

Loading...

„Значи во Македонија не се случува албанизација. Во Македонија се случува класична дуизација. Тие во текот на 20 години непрекинато се на власт, додека останатите политички субјекти се менуваат и ним им служат. За жал Македонија се трансформираше во приватна држава. Тоа може да се смени по пат на избори. Македонскиот народ и македонските граѓани мора да се одважат, како што вие се одваживте денеска и излеговте во нескромен број на овој собир и да им кажеме дека е доста“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски ги соопшти условите за формирање на идна Влада

Димитриевски на крајот порача:

„Кога сте еден сте сам. Кога сте двајца тоа е веќе множина. Само единствено пат на математичка прогресија е до мнозинството. А ние тоа ќе го направиме на овие избори“.

Во текот на денот каравнот на Димитриевски ќе ги посети Теарце, Брвеница и Тетово.