Димитриевски: Вложуваме во подобрување на условите и услугите за пензионерите во Куманово

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски денеска одржа работна средба со претставници на Сојуз на здружение на пензионери на РСМ и Здружението од Куманово. На средбата се разговараше на повеќе теми значајни за животот на пензионерите, со акцентирање на услугите во Домот за стари лица “Зафир Сајто”-Куманово и субвенционирање на јавниот превоз за пензионери.

Loading...

Градоначалникот Димитриевски нагласи дека општина Куманово ќе продолжи да дава свој придонес за пензионерите и понатамошната соработка ќе им обезбеди подобри услови во сите сфери од општествениот живот.

„Општина Куманово континуирано вложува во подобрување на услугите коишто ги даваме во Домот за стари лица во Куманово, како и соработката на ниво на култура и спортот. Последната одлука која ја донесе Советот на Општина Куманово е субвенционирање на јавниот превоз за пензионерите во општина Куманово. Целта е со овие 1.5 милион денари нашите пензионери, а особено и оние коишто имаат пониски пензиски примања да ги користат јавните услуги на јавниот градски превоз. Со овие скромни средства сметаме дека ќе дадеме свој придонес како општина за нашите сограѓани коишто имаат направено многу за нашата општина, а коишто се денеска во оваа трета доба“, потенцираше Димитриевски.

Димитриевски во своето излагање нагласи дека се разговара за можни идни соработки, а изградба на нов Дом за пензионери во Куманово ќе биде еден од приоритетите на општината.

„Нашата соработка била и ќе продолжи да биде на највисоко ниво. Можеби во иднина ќе успееме да дојдеме до локација за изградба на Дом за пензионери во Куманово за да се зголемат постоечките капацитети коишто ги имаме на располагање во општината“, додаде тој.

Претседателката на Сојузот на Здружение на пензионери на РСМ, Станка Трајкова по средбата со градоначалникот изјави дека е разговарано за навистина значајни прашања кои се од витално значење за пензионерската популација во општина Куманово.

„Разговаравме за материјално-социјалниот статус на корисниците на пензија, традиционалните активности кои се одвиваат во здружението, а значат активно стареење на возрасните лица, како и моментите коишто значат социјално домување на пензионерите. Сето она коешто денес на средбата беше презентирано како конкретни постигнати резултати говори дека градоначалникот на општина Куманово навистина добро го проучил членот 22 од Законот за локална самоуправа и се грижи за пензионерите како

возрасни лица во Куманово, односно околу 14.000 корисници на пензија“, изјави Трајкова.

Loading...

Претседателката Трајкова посочи дека оваа соработка помеѓу здружението на пензионери и општина Куманово треба да биде пример за сите други општини и Градоначалници, потенцирајќи дека здружението во соработка со општината ја зајакнаа соработката и изградија взаемност и солидарност за сите пензионери и стари лица и во време на ковид пандемијата.

Leave a Reply