Димитриевски: Следната година оваа власт ќе падне, политичкиот субјект којшто ќе го формираме ќе стави ред во државата

Сподели со своите пријатели

„Следната година оваа власт ќе падне од власт, ќе дојде одговорна власт, политичкиот субјект којшто ќе го формираме ќе ја освои власта, ќе ја добие поддршката од граѓаните и едноставно ќе стави ред во оваа држава, ќе направи целосна ревизија и еднаш засекогаш Македонија ќе ја трансформираме во убаво место за живеење и нормална држава“. Ова вчера го истакна градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во „24 Анализа“ на телевизија 24 во однос на законите за „Бехтел и Енка“.

Loading...

„Нам ни е потребен коридор 8, но без национален наратив којшто тоа го дефинираше господинот Ахмети уште декември 2021 година, тој рече ‘овој коридор е националниот интерес на релација Скопје-Приштина-Тирана’. Зошто? Ако е национален нека го плати национално. Зошто да го плаќаат сите? Вистината за коридорот 8 дека тој е геостратешки проект којшто е важен за нас како држава, како држава земја членка на НАТО и ние градиме инфраструктура за поврзување на Јадранско и Јонско море со Црно море, зошто? Во моменталната геостратешка состојба тој е важен коридор. Ако е важен треба да разговараме со нашите НАТО партнери да партиципираат во истиот“, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре е Марковден, а ова се обичаите поврзани со празникот

Димитриевски информираше дека за 32 години независна држава осум пати е отворен Уставот, како да е обичен тефтер, на кого како ќе му текне се прават уставни измени.

„Лично ми смета како човек, како граѓанин, не како политичар. Ми смета кога некој си игра со моето национално чувство, во овој случај си играат со националното чувство на сите Македонци, па дури и на помалите етнички заедници во државата. И сега ние имаме еден феномен, бадинтер којшто гарантира право на помалите етнички заедници во државата. Мнозинството од Македонскиот народ е против, се оди на варијанта да биде изгласана Уставна измена. Зошто? Да, во мојата канцеларија има десет знамиња, на 10 национални знамиња на народи коишто по своето потекло се од Албанија, Бугарија итн. И јас го ставив бугарското знаменце, во чест на моите сограѓани коишто 350 се имаат изјаснато како Бугари на попис во Куманово, нешто под 100 илјади граѓани во општината. Дали има простор во Уставот, има, но потребен е реципроцитет и потребни се соодветни гаранции и од Софија и од Брисел, што значи Македонскиот народ, државност, во континуитет засебна историја, континуитет. Тоа ни е нешто што нам ќе ни гарантира или во спротивно било каков притисок да дојде од страна нема да помине или било какво лоби“, изјави Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре е Марковден, а ова се обичаите поврзани со празникот