Димитриевски: Само Рената Дескоска како министерка за образование имаше сенс за гимназијата „Сами Фрашери“, во идниот мандат самите ќе ја градиме

Сподели со своите пријатели

Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, во денешното гостување во Студио 10 на телевизија 24 информираше во идниот мандат како општина ќе го решаваат проблемот со гимназијата „Сами Фрашери“ затоа што Министерството за образование и
наука нема сенс.

Loading...

„Дезинформации се дека нема ДУП-ови. Има документација, само Рената Треноска Дескоска како ресорен министер имаше сенс да стави 3 месеци пари во буџетот, не се реализираа на крај. Ние самите ќе го градиме училиштето, нарачавме проекти и други работи“, изјави Димитриевски.

Тој истакна дека во изминатиот период се направени 13 спортски игралишта, најголем дел од нив во основните училишта и додаде во цела Македонија не може да се видат толку изградени современи спортски игралишта.