Димитриевски: Протестот за албанското знаме е политички мотивиран

Сподели со своите пријатели

Група од дваесетина граѓани припадници на албанската националност денеска протестираа пред зградата на Општина Куманово, а со цел да го изразат незадовослтвото бидејќи на прославата од 500-годишниот јубилеј на градот не било поставено албанското знаме.

Loading...

Како што велат, биле истакнати знамиња на други држави, но не и на соседна Албанија.

Според градоначалникот, јасно е испочитуван законот за знамиња и државни симболи, при што поставени се знамиња на државите од каде дошле претставници на збратимените градови по повод празникот 11 Ноември.

Со оглед дека на прославата не се појавиле претходно поканетите претставници на општина Драч од Албанија, албанското знаме ни било поставено, појасни денеска градоначалникот Максим Димитриевски.

Тој додаде дека во предизборието поединци сакаат да добијат политички поени, бидејќи како што вели не им одговара суштински да се работи на имплементација на мултиетничкиот карактер на општината.

– Тоа што некој се обидува да поентира и да прикаже поинаква состојба во градот во однос на она што беше направено а многу е поважно да се потенцира дека оваа година градот во рамките на јубилејот направи многу на мултиетнички план со тоа што за прв пат организиравме заеднички концерт на мега ѕвезди од различна етничка заедница и тоа рок групи од албанска проминенција, од македонска и од српска проминенција и на наше општо задовослтво тој настан на 8ми ноември помина одлично. Имавме околу 10.000 млади луѓе на плоштадот каде сите заедно уживаа во звукот на музиката, но очигледно на поединци не им одговара суштински да работиме на реална имплементација на мултиетничкиот карактер на нашата општина и соживот и креирање еднакво општество на сите, па водени од лични политички побуди генерираат проблем, вели кумановскиот градоначалник.

Loading...

Димитриевски смета дека протестот е политички мотивиран, а за знамето нема стереотипи, бидејќи освен македонското во неговиот кабинет има знамиња на сите националности кои живеат во Куманово.

– Не само албанското туки и знамињата на сите етнички заедници кои живеат во оваа наше мултикултурно општество кое по дифолт е мулти а не биетничко  општество и ќе продолжам да рамзислувам во тој дух, рече Димитриевски.

Инаку на протестот се појави и членот на Советот на Општина Куманово Осама Муадини од Алијанса на Албанците. Тој претходно на седницата на советот бараше менување на имиња на улиците во градот, со цел дел од нив да носат имиња на албански народни херои.

Leave a Reply