Димитриевски: Посакувам на овие избори да победат граѓаните и демократијата (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

„Денеска посакувам на овие избори да победи Македонија, да победат граѓаните и демократијата и секако оној кој што го заслужува гласот да ја добие поддршката на граѓаните“ порача денеска претпладне градоначалникот Максим Димитриевски откако го оствари своето избирачко право.

Loading...

Димитриевски апелираше граѓаните да излезат на гласање и да се произнесат и да дадат поддршка за оној за кој сметаат дек заслужува.

– Македонија мора да продолжи да оди напред, воедно и Куманово мора да продолжи да оди напред во евроинтегративните процеси, а секако на крајот одлучува гласот на граѓаните. Нека ни е со среќа на сите, додаде Димитриевски.

 

 

Како што вели, се одржуваат избори во многу специфични услови и тешка Ковид криза.

– Државната изборна комисија ги предвиде сите протоколи и сметам дека ако сите се почитуваат и од аспект дека веќе трет ден по ред трае изборниот процес, самиот чин на продолжување на рокот на гласањето дава можност на граѓаните да излезат на избори, останува на нив ако постои волја да се излезе и да се определи кој тоа во иднина ќе ја менаџира државата во наше име. Според мене и она што го видов на гласачкото место целиот процес е уреден, а контактите се сведени на минимум, се одржува дистанца, се носи заштитна опрема, заштитни маски, се употребуваат средстваза дезинфекција, рече кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply