Димитриевски положи свежо цвеќе пред бистите на Делчев и Тито (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово денеска со положување свежо цвеќе пред бистите им одаде почит на македонскиот револуционер Гоце Делчев и некогашниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито.

Loading...

– Заедно со делегацијата и членови на Здружението на армиски и полициски ветерани и армиски воени старешини, како и други здруженија и граѓани, положивме свежо цвеќе и пред спомен плочата на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, во знак на почит и одбележување на 40 години од неговата смрт.

 

Претходно Димитриевси ја посети кумановската Гимназија „Гоце Делчев“ каде му одаде почит на македонскиот револуционер.

– Македонија има свои интереси и своја политика. Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец, напиша претходно Димитриевски на Фејсбук со фотографија од Делчев.

 

Loading...

 

Никола Ивановски

Leave a Reply