Димитриевски: Остро ги демантирам сите лажни обвинувања дека некој некого има разочарано или предадено

Сподели со своите пријатели

Независниот кандидат за градоначалник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ денеска на прес конференција ги демантираше, како што вели, сите лажни обвинувања дека некој некого разочарал или предал, алудирајќи на соопштенијата кои деновиве ги објавува СДСМ Куманово обвинувајќи го за наводен пакт со ВМРО-ДПМНЕ.

Loading...

Како што рече Димитриевски, концептот „За наше Куаново“ е од граѓаните и за граѓаните на општина Куманово.

– Ја почитуваме бројката и поддршката која ја добивме во првиот круг која беше најмасовна и убедлива за нас како концепт и за мене како градоначалник. Продолжуваме во вториот круг и бараме поддршка од сите граѓани на општина Куманово без разлика која на која политичка опција ѝ припаѓа, затоа што ова е опцијата која работи од граѓаните и за граѓаните, рече тој.

 

 

Според Димитриевски, целта е овој концепт да ја стави во втор план политиката и личните и политичките интереси на поединци кои ги имаат узурпирано политичките субјекти, „а да работиме исклучиво во интерес на граѓаните за да може Куманово рамономерно да расте, да се развива и шири како мореден и урбан град“.

– Затоа остро ги демантирам сите лажни обвинувања дека некој некого има разочарано или дека некој некого има предадено. Јас како кандидат за градоначалник се чувствувам горд што успеав заедно со мојот тим да ја освојам поддршката на нашите кумановчани и ќе направиме се во вториот круг таа поддршка да биде уште поубедлива без разлика од која политичка партија или опција ќе дојде поддршката, изјави Димитриевкси.

Loading...

Тој уште еднаш денеска посочи дека поддршка бара од сите политички партии и нивни членови, и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, но и од албанските политички партии.

– Нашата обврска како иден менаџерски тим на градот е да имаме обврски и должности кон сите граѓани, ниту во минатите четири години ги имам делено граѓаните по било кој основ ниту пак ќе си дозволам да бидат делени. Ги отфрлам сите лажни обвинувања за наводни реваншизми или создавање и вршење притисоци, сум бил, сум и ќе бидам градоначалник за сите граѓани и во ниту еден момент нема да дозволам ниту еден граѓанин поради своето партиско, политичко или било какво убедување да трпи одредени консеквенци или реперкусии, изјави тој.

Во Куманово, вели Димитриевски, има простор само за два вида на луѓе, а тоа се чесни и работни луѓе.

Затоа ги повикувам сите кумановчани да се солидализираат и следната недела масовно да излезат на избори, да ги отфрлат ваквите шпекулации и да дадат поддршка за концептот „За наше Куманово“ и мене како кандидат градоначалник и иден градоначалник на нашата општина, рече Димитриевски на денешна прес конференција.

Никола Ивановски