Димитриевски: Општините имаат децентрализација на власт, но не и на парите

Сподели со своите пријатели

„Недозволиво е најголемата општина да нема доволно средства барем годишно да реконструира едно до две училишта“, рече градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски запрашан за фискалната децентрализација на општините.

Loading...

Како што истакна Димитриевски, „општините реално имаат децентрализација на власт, но немаат деценстрализација на парите“.

– Ќе дадам еден пример суштински во ресорот образование. Сите финансии кои доаѓаат до општините се финансии за исплата на плати и надоместоци, додека се уште капиталните инвестиции се централизирани. Тоа се случува и во ресорното министерство за труд и социјална политика и во многу голем број други ресори, појасни првиот човек на Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Цената за семафорот во спортската сала е шпекулација (ВИДЕО)

 

 

На општините, вели тој, им е потребна имплементација на проекти, но за тоа се потребни пари.

– Недозволиво е најголемата општина да нема доволно средства барем годишно да реконструира едно до две училишта, да може со тие децентрализирани пари да изгради нова детска градинка, туку првенствено сме сведени во состојба парите кои ги имаме во капитални инвестиции за градба на патна, подземна и надземна инфраструктура да ги пренаменуваме за да можеме да интервенираме во нам пренесените надлежности, рече Димитриевски.

Loading...

Ја поздравува одлуката на владата, финансиски да интервенира во општините по повикот, локалните самоуправи да аплицираат со проекти.

– Јас ја поздравувам одлуката на владата финансиски да интервенира во општините и можеби за прв пат по подолг временски период со правилна распределба, а тоа е распределба на средства по глава на жител. Верувам дека ова е прва мерка на новата влада со која тргнуваме понатаму, изјави Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка тешко повредена откако во неа удрил велосипед

Во меѓувреме, вели ќе се разговара за довршување на втотриот праг на децентрализацијата и отпочнување на третиот праг на финансиска децентралзиација.

– Ставовите на ЗЕЛС се јасни, за да имате уредени и богати општини првенствено се потребни финансиски средства и ние ќе продолжиме да се залагаме да ги зголемиме тие средства во проценти, да се доближиме првенствено до регионот, а потоа и да ги следиме европските држави, рече градоначалникот.

Министерството за локална самоуправа, рече Димитриевски, ќе обезбеди систем за поквалитетно собирање на даноци, па се надева дека со тоа општините ќе приберат повеќе средства во своите буџети.

Инаку Димитриевски, денеска заедно со министрите за јавна администрација и локална самоуправа, Горан Минчев и Златко Перински, во Куманово учествуваше во дебатата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Следниот месец предлог проектите на општините на владина седница (ВИДЕО)

Никола Ивановски