Во Куманово се одржа дискусија за законите за јавна администрација (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Под мотото „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“ денеска во кружната сала на поранешен Комитет се одржа панел дискусија со претставници на централната и локалната власт.

Loading...

 

 

Се дискутираше за клучните предизвици со кои се соочуваат институциите од јавниот сектор во Македонија.

На дискусијата присуствуваа министерот за јавна администрација Горан Минчев, министерот за локална самоуправа Златко Перински, извршниот директор на ЗЕЛС, како и градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

 

Loading...

 

Како што истакна министерот Минчев дебатата е за законот за вработени во јавниот сектор, законот за административни службеници и предлог закон за стручна обука на администрацијата.

– Целта е да дојдеме до заклучок во кој ќе ги вклучиме сите страни заинтересирани во овој процес, во еден транспарентен, слбоден, инклузивен, демократски процес, да ги чуеме ставовите и мислењата на сите засегнати од овој закон, рече Минчев.

 

 

Како што потенцираше тој, ова е втора ваква дискусија, а се очекува да има уште и да траат до крајот на октомври.

– Нашата цел, за разлика од минатата влада, е да имаме еден отворен процес во кој сите сугестии како министерство отворено за сите, ќе ги разгледаме и да може да ги вклучиме во сите овие предлог законски решенија. Се надевам дека оваа дебата ќе даде допринос во подобрување на сите овие законски решенија за кои сметаме дека треба да бидат непаушални, туку солидно и содржајно направени, да бидат квалитетни и системски, изјави Минчев.

Loading...

 

 

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, вели дека суштината на оваа дебата е да се слушне мислењето на оние кои директно се инволвирани во процесот.

– Сметам дека ваквите дебати ќе вродат со плод и суштински ќе се реши многу горливо прашање, а тоа е граѓаните да добијат соодветна јавна администрација, која првенствено ќе биде во функција на нив, граѓаните, а дополнително ќе се срушат сите досегашни навики и селекцијата и пристапот кој важеше и се уште важи, да се добие предност на квантитет во однос на квалитет, едноставно се смени. Нашата цел е да имаме професионална администрација, а граѓаните да имаат еднакви права и можности како што е напишано во уставот, рече Димитриевски.

 

 

Loading...

Тој повика на масново вклучување во овие дебати на претставници на јавната администрација, но и експертската јваност.

Никола Ивановски