Следниот месец предлог проектите на општините на владина седница (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Осумдесет општини со вкупно 358 проекти аплицирале на владиниот повик за финансирање на проекти во локалните самоуправи.

Loading...

Како што информираше ресорниот министер Златко Перински денеска од Куманово, предлозите би требало да се најдат на владина седница веќе следниот месец.

– Веќе сме во фаза на колектирање на проектните документации во рамки на ресорните министерства. Тој десетдневен период завршува во понеделник и потоа следува фаза на евалуација која ќе се случува во рамки на ресорните министерства. Нашите очекувања се дека фазата на евалуација ќе трае не повеќе од седум до десет дена и веќе очекуваме во првата недела од следниот месец предлог проектите за финансирање бидат доставени од ресорните министерства за усвојување на владина седница, изјави Перински.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски и Јовановиќ остануваат во МКК Куманово, Радукиќ ново засилување

 

 

Како што истакна Перински, над 50 отсто од општините кои имаат поднесено апликативен формулар до министерството веќе ги имаат доставено своите предлог проекти.

– Очекуваме дека овие неколку дена до истекот на рокот, да ги достават сите локални самоуправи и практично да го заокружиме процесот, додаде министерот за локална самоуправа.

Loading...

Инаку, станува збор за јавниот повик на Владата, која со 250 милиони евра ќе финансира проекти на општините, кои треба да го стимулираат нивниот развој.

Инаку Перински, денеска заедно со министерот за јавна администрација Горан Минчев и градоначалникот на Општина Куманово учествуваше во дебатата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Театар Куманово настапи на фестивал во Германија (ФОТО)

Никола Ивановски