Димитриевски: Куманово е единствена општина што воведе бесплатен јавен превоз за сите граѓани

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово е единствена општина во државата која воведе целосно бесплатен јавен превоз за сите граѓани. Одлуката на предлог на градоначалникот Димитриевски беше донесена едногласно од Советот на општина Куманово, а услугата се помасовно се користи од страна на граѓаните.

Loading...

Градоначалникот Димитриевски дел од своето работно време го помина со сограѓаните кои го користат бесплатниот јавен превоз. Тој имаше можност да разговара со ученици, работници, пензионери, студенти кои редовно ја користат оваа јавна услуга.

 

 

Бесплатниот јавен превоз е позитивно прифатен од сите граѓани и претставува вистинско олеснување на семејниот буџет за многу семејства, а граѓаните отворено го искажуваат своето задоволство со многу позитивни коментари и предлози.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Максим Димитриевски во Кавадарци, Неготино и Прилеп (ВИДЕО)

Градоначалникот разговараше со граѓаните и вработените за нивните идеи и сугестии за подобрување на квалитетот на услугата кон граѓаните. Линиите коишто ги користеше немаа задоцнувања, а на терен ја забележа и инспекциската контрола на општината како активно ја следи редовноста на линиите.

Подобрување на условите останува и понатаму главен приоритет на општина Куманово во сите сегменти.

Loading...