Димитриевски и војниците на СИБРИГ и АРМ го пошумуваа локалитетот Студена вода (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Акција за разеленување на викенд локалитетот Студена вода денеска беше спроведена од Општина Куманово со помош на војниците на Армијата на Република Македонија и војниците кои се на Главниот штаб на Бригадата на Југоисточна Европа (СИБРИГ) кој е сместен во кумановската касарна.

Loading...

 

 

Околу 700 садници беа засадени денеска на оваа локација, рече Димитриевски во своето обраќање кон војската и им се заблагодари за нивното учество.

– Најпрвин да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на сите припадници на армиските сили. Воедно и на нашите гости во градот коишто се претставени од повеќе држави, Албанија, Турција, Бугарија, Грција, Романија, во рамки на проектот СИБРИГ за волонтерската акција која ја изведуваат денеска во соработка со Јавното претрпијатие „Чистота и зеленило“, изјави Димитриевски.

 

Loading...

 

Како што рече првиот човек на Куманово, ова е само една од многуте акции во делот на цивилно-воената соработка помеѓу општината, општинските институции и припадниците на Армијата.

 

 

Соработката на Општина Куманово со армијата, вели Димитриевски, е на многу високо ниво.

– Реализиравме голем број проекти и донации и од страна на општината и од страна на општествено одговорни компании и ние помогнавме на армијата, но и армијата на општината во клучните моменти особено е битна соработката во Општинскиот штаб за заштита и спасување, СИБРИГ бригадата е сместена во касарната „Боро Менков“ во Куманово, тие се наши гости тука во градот, ги доживуваме како составен дел на нашиот град и секогаш се добредојдени, изјави тој.

 

Loading...

 

Градоначалникот апелираше и граѓаните да бидат дел од проелтната акција за раззеленување на Куманово, но и да се однесуваат одговорно кон животната средина.

– Имаме на располагање голем број на садници во градскиот расадник и апелирам до граѓаните да ги користат овие ресурси и капацитети со единствена цел да засадиме што поголем број садници во пролетниот период на територијата на нашиот град. Воедно апелирам да се воздржат од создавање диви депонии и расфрлање на сметот во градот, бидејќи јавните претпријатија не можат да исчистат толку колку сите ние како граѓани можеме да расфрламе затоа мора да се има општествена одговорност кон тоа и еден заеднички пристап до работите, рече градоначалникот.

 

 

Како што рече Димитриевски, отворени се за било каква соработка и со СИБРГИ и со македонската армија со цел зближување на воениот и цивилниот сектор.

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

текст/фото: Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply