Димитриевски: Бевме сведоци на многу случувања и прекршувања на изборниот процес (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Откако го оствари своето гласачко право, висниот кандидат за градоначалник на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска околу пладне изрази уверување дека граѓаните ќе го препознаат она што е најдобро за нив.

Loading...

– Посакувам искрено и од срце денеска Куманово да победи, да победи демократијата преку граѓаните на нашата општина. Убеден сум дека ќе имаме масовен одзив, граѓаните ќе препознаат што е најдобро за нив и верувам дека ќе дадат можност општината во следните четири години да ја води еден демоктратски концепт, изјави Димитриевски.

Димитриевски, во изјавата за медиумите, информираше и дека имало прекршувања на изборниот процес токму од институциите на системот.

– За жал овие два дена изминати кога бевме во изборниот молк, не се почитуваа законските норми, бевме сведоци на многу случувања и прекршувања на изборниот процес и тоа токму од институциите на системот, каде што предводник беше МВР и жалам за таквите настани, но сепак Куманово е силно и повеќе од сигурен сум дека овој пат кумановци ќе покажат и докажат дека знаат да го направат вистинскиот избор. Верувам во демоктратијата и се додека живеам и сум активен во политичкиот и јавниот живот ќе се борам за демократска држава, демократски град, развиен и просперитетен, рече Димитриевски.

 

Димитриевски упати честитки до сите кандидати и како што рече „најдобриот нека ја добие поддршката од граѓаните.“

Никола Ивановски

Loading...