Димитриевски: Ако ги видите вработените од Општината во кафулиња во работно време, пријавете ги

Сподели со своите пријатели

Вработените во Општина Куманово повеќе нема да го минуваат работното време во градските кафулиња. Како што информираше градоначалникот Максим Димитриевски, одредени вработени тоа го имале за пракса, но со новиот правилник на тоа се става крај.

Loading...

– Се уште има вработени кои мора да констатирам дека несериозно ги имаат сфатени своите работи задачи и ги прекршуваат правилниците, од пред неколу дена има нов правилник во кој строго се дефинира присуство на работното место на секој вработен и апел до вас совентиците и граѓаните, бидејќи има пријави дека некои од вработените често отсуствуваат и ги среќавате во градските кафулиња да го пријавите во општинта, секретарот, кај мене или во Секторот за човечки ресурси каде ќе преземеме, согласно законот, десциплински мерки доколку неоправдатно отстувуваат, рече Димитриевски.

Како што додаде градоначалникот на денешната седница на Советот, биле побарани и промени во систематизацијата на работните места, но од ресорното министерство не биле одобрени сите измени.

Leave a Reply