Дилери на дрога завршиле во затвор па поради бизарна грешка станале милионери

Сподели со своите пријатели

Шведската влада е принудена да им плати на осудените дилери повеќе од 13 милиони круни за грешка направена за време на гонењето, пишува IFLScience.

Loading...

Сѐ започнало кога во 2019 година, тројца мажи биле осудени за продажба на големи количини на дрога преку интернет, прифаќајќи плаќање во најпопуларната криптовалута – Биткоин.

 

 

Тогаш властите заплениле 36 биткоини за кои веруваа дека се резултат на трансакции помеѓу дилери и купувачи.

Меѓутоа, тука ситуацијата зазела бизарен пресврт.

За шведските обвинители, ова бил еден од првите случаи поврзани со Биткоин и, како што сега признаваат, требало да побараат стручен совет.

Loading...

Кога случајот против тројцата дилери резултирал со конечна пресуда, криминалците одлучиле да го претворат долгот во шведски круни. Во тоа време, еден биткоин вредел 40.000 круни, а моментално неговата цена е околу 500.000 круни.

 

 

Тоа само по себе немало да биде проблем доколку полицајците ги продале веднаш за да го надоместат долгот на криминалците од 1.440.000 круни.

Сепак, таа задача е одложена до оваа година, кога биткоинот вреди значително повеќе отколку што дилерите должат. Обвинителите успеало да го покрие целиот долг со само три биткоини.

Тие сега ќе ги вратат преостанатите 33 биткоини во вредност од околу 13 милиони круни на криминалците и ќе ги направат милионери додека издржуваат затворска казна.

 

Loading...