Дијаспората се самопопишува: 137.111 македонски државјани ги дале своите податоци

Сподели со своите пријатели

Вкупно 137.111 македонски државјани во странство веќе оставиле податоци за пописот, информираат денеска од Државниот завод за статистика.

Loading...

Самопопишувањето на македонската дијаспора, како што велат, се интензивира.

Денешната состојба покажува дека за еден ден се попишале 7.102 македонски државјани, а од ДЗС се надевааат дека ова темпо на попишување ќе продолжи сè до крајот на Попис2021, на 21 април.

– Ги покануваме сите наши иселеници да ја искористат можноста и да одговорат на прашањата во апликацијата. За сите нејаснотии во врска со методологијата на попишувањето или какви било технички проблеми, Државниот завод за статистика им стои на располагање со отворените линии за комуникација достапни на веб-страницата Popis2021.stat.gov.mk, стои во соопштението.

„Одвојте 10-ина минути од вашето драгоцено време за да бидете дел од сликата за Република Северна Македонија“!

Leave a Reply