Девојка спиела со 130 мажи, а уште нема ни 30 години: Била со четворица на ден, затруднела па доживеала хорор!

Сподели со своите пријатели

Во еден момент од животот спиела со четворица мажи дневно, но и тоа не и било доволно

Loading...

Френки Консидин била зависна од секс до таа мера што понекогаш спиела со четворица мажи на ден. Во признание кое ја разбранува јавноста, таа призна дека не може да функционира нормално ако не знае дека сигурно ќе ја добие, како што рече, „следната доза на секс“. Таквиот начин на живот негативно влијаел на нејзината работа, меѓучовечките односи, но и на психофизичкото здравје.

 

 

Френки денес има 29 години, а порано страдала од депресија, разни сексуално преносливи болести и останала бремена без да знае кој е татко на нејзиното дете. Имено, таа честопати отсуствувала од работа под изговор дека е болна, сето тоа поради секс. Вкупно, спиела со повеќе од 130 мажи, а потоа открила дека има дијагноза – зависност од секс.

Додека не дозна дека нејзината состојба е вистинска и препознаена медицинска состојба, мислела дека има потреба од секс поради траума предизвикана од рано раздвојување на родителите или слаба самодоверба што се однесува до физичкиот изглед. Таа вели дека сè започнало кога имала 13 години, кога нејзините родители се развеле. Потоа, таа влегувала на Интернет и барала луѓе со кои би можела да разговара. На 14 години, таа ја изгубила невиноста и влегла во својата прва долгорочна врска, но таа вели дека не може да биде верна.

Неколку години подоцна, кога нејзината мајка починала, тоа ескалираше. Таа го напуштила колеџот и спиела со 80 мажи во следните три години. Таа вели дека во тие врски ја решила тагата за загубата на нејзината мајка. Во еден момент од животот спиела со четворица мажи дневно, но и тоа не и било доволно.

Loading...

– Еден викенд во 2012 година, отидов во Брајтон за мојот роденден. Запознав момче, тој дојде во мојата хотелска соба и имавме секс. Следниот ден отидов кај механичарот да го прегледам мојот автомобил. Спиев со него и неговиот пријател, а подоцна истата вечер спиев со друго момче – рече таа.

 

 

Според сопственото признание, таа не користела заштита, па патела и од кламидија и од ХПВ. Забременила на 22 години. Таа не знаела кој е таткото, па решила да абортира.

Истата година се запознала со еден човек на Тиндер со кој започнала врска, а во 2018 година добила ќерка со него. Врската брзо се расипала, но Френки тогаш решила да посети психолог. Тогаш и била дијагностицирана зависност од секс.

– Олеснувањето што го чувствував тогаш беше неверојатно. Сфатив дека не е моја вина. Сфатив дека има и други луѓе како мене кои се плашат да зборуваат за тоа – рече таа, нагласувајќи дека нејзината приказна сака да помогне да се отстрани стигмата од оваа ситуација.

 

Loading...

Leave a Reply