Деветгодишно дете повредено во сообраќајка во Куманово

Сподели со своите пријатели

На ул. „11-ти Октомври“ во Куманово завчера околу 14.15 часот во Куманово  се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ. (28) удрило во пешак – деветгодишно дете од селото Опае.

Loading...

По незгодата возачот го однел детето во кумановската болница, каде му се констатирани телесни повреди. Увид по овластување на Јавен обвинител од ОЈО Куманово извршиле полициски службеници од Полициска станица Куманово.

Се работи на расчистување на случајот.

Leave a Reply