Девет прекршувања на полицискиот час во Куманово

Сподели со своите пријатели

Педесет и девет казни биле напишани во текот на изминатото деноноќие во Куманово поради непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (19.04/20.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 94 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни пријави, најмногу се во Куманово 59, во Крива Паланка 29 и во Кратово 6.

За нив, како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период 9 лица не ја почитувале забраната за движење.

 

М.Ф

Leave a Reply