Девет мртви во налет на циклон во Бангладеш

Сподели со своите пријатели

Најмалку девет лица загинаа во циклонот Ситранг што го погоди јужниот дел на Бангладеш, соопштија денеска локалните власти.

Loading...

Еден милион луѓе беа евакуирани од низинските области во текот на ноќта.

„Девет лица загинаа, вклучително и тројца членови на едно семејство во областа Кумила“, изјави владин претставник.

Циклонот го погоди островот Бола, во јужен Бангладеш, во понеделникот вечерта.

Откако ја изгуби својата сила, циклонот продолжи да се движи кон североисточна Индија.