Девет лица повредени во сообраќајка во кумановско, пет од нив деца

Сподели со своите пријатели

Девет лица се повредени, од кои две потешко при сообраќајка на пат кон селото Зубовце во кумановско.

Loading...

Поголем дел од повредените, пет лица, биле малолетни.

– На 24.05.2021 околу 23,20 часот во Куманово на пат за селото Зубовце, патничко возило „уаз 469“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.Д.(36) од Куманово излетало од патот, информираат од Министерството за внатрешни рабпти.

По незгодата, во Општата болница Куманово, на Ј.Д. и  Е.В. (37) им биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај останатите сопатници Д.В. (39), Д.Д. (33) и пет малолетници биле констатирани повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply