Денот на Армијата утре ќе се одбележи во кумановската касарна

Сподели со своите пријатели

Во кумановската касарна „Боро Менков“ утре со почеток во 11 часот, со воена свеченост на единиците од гарнизон Куманово ќе се одбележи 18ти Август, Денот на Армијата.

Loading...

– По повод 27 години од формирањето на Армијата на Република Северна Македонија во рамките на прославата согласно Правилото за воен протокол ќе се реализираат следните активности: постројување на припадниците на  единиците од гарнизон Куманово, интонирање на државната химна на Република Северна Македонија и химната на Армијата, оддавање на почит на загинатите борци за Македонија и загинатите и починатите припадници на армијата, честитање на празникот, пригоден говор, читање стимулативни мерки и наредби за унапредувања на старешини, врачување на одликувања, награди и пофалби  и честитки, информираат од касарната „Боро Менков“

На прославата се поканети и преставници од државна управа, јавните установи и служби, градоначалниците и преставниците на единицате на локалната самоуправа во зоната на одговорност и правни и физички лица со кои Армијата на Република Северна  Македонија има соработка.

Leave a Reply