Денеска започнуваат Божиќните пости

Сподели со своите пријатели

Денеска за сите православни верници почнува божикниот пост, кој подразбира воздржување од мрсна храна, лоши мисли и дела во наредните 40 дена.

Loading...

Постот подразбира воздржување од храна, лоши мисли и страсти во одреден временски период. Целта на постот е да се исчисти душата и телото, а во божикните пости се подготвуваме за најрадосниот празник – раѓањето Христово, односно Божик.

Во текот на овој пост не се јадат намирници од животинско потекло, но дозволени се зејтин и вино, во сите денови, освен во среда и во петок, кога е строг пост. Риба се јаде секоја сабота и недела како и на празникот Воведување на пресвета Богородица, дури и ако празникот падне во среда или во петок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

По постот, кој трае шест недели, верникот пристапува на светите тајни на исповедта, покајание и причест. Меѓутоа, постот не се состои само од воздржување од храна и пиење, туку и од одрекување од зли мисли, желби и дела.

Поради тоа би требало да се потрудите да правите добри дела, редовно да се молите, да помагате на другите и да живеете по христијанските правила.

Доколку се придржувате на овие насоки, тогаш вашиот пост, навистина, ќе биде успешен!