Денеска услови за дожд, од утре потопло

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремен дожд и посвежо особено на југозападот каде што ќе има пообилни врнежи од дожд проследени со повремени грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер, кој на западот краткотрајно ќе засилува, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната од 18 до 25 степени.

Во среда и четврток ќе се задржи стабилно и суво, а температурите брзо ќе се покачат.

Кон крајот на неделава во попладневните часови повторно ќе има појава на локални врнежи и грмежи.

Image by Kammy27 from Pixabay

Leave a Reply