Денеска се отвораат 11 коридори за хуманитарна евакуација

Сподели со своите пријатели

Вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук изјави дека за денеска е договорено отворање на 11 хуманитарни коридори за евакуација на цивили.

Loading...

Сепак, таа предупреди дека оние кои сакаат да го напуштат Мариупол ќе мора да ги користат своите автомобили.

 

Њујорк Тајмс: Воздушна снимка од Буча покажува убиство на велосипедист

 

Претходно оваа недела беше договорено мисијата на Меѓународниот комитет на Црвениот крст да ги евакуира цивилите од Мариупол, но обидот беше спречен од руските сили.

Според „Гардијан“, властите во источниот украински регион Луганск велат дека се надеваат дека ќе успеат да ги евакуираат цивилите преку петте хуманитарни коридори договорени за денеска и ги повикуваат жителите да си заминат „додека е безбедно“.

Украинските власти тврдат дека руските војници се прегрупираат и се подготвуваат за нова офанзива во регионот на Донбас, кој го опфаќа и Луганск.

Loading...

 

Првиот човек на американската армија: Расте можноста за значаен меѓународен конфликт

 

„Ќе им помогнеме на сите да си заминат доколку Русите ни дозволат да дојдеме на местата за состаноци за евакуација. Тие не секогаш го почитуваат договорениот прекин на огнот“, напиша на Телеграм гувернерот на областа Луганск, Серхиј Гадаи.

„Апелирам до секој жител на регионот Луганск – евакуирајте се додека е безбедно. Додека има автобуси и возови, искористете ја можноста“, рече тој.